ЗБРАТИМЕНАТА ОПШТИНА БЕЛИШЧЕ ВО ХРВАТСКА- ПОСЕТЕНА ОД ДЕЛЕГАЦИЈА ОД РАДОВИШ

Во деновите од 9 до 11 Септември, делегација од општина Радовиш предводена од Секретарот на општината, Љупче Почивалец, беше во посета на збратимениот град Белишче во Република Хрватска.

Повод за гостувањето беше одржувањето на традиционалната манифестација „Белишчанска златна есен“, во чии склоп се одржаа неколку културно-спортски активности.

Покрај делегацијата од ЕЛС општина Радовиш, дел од посетата на Белишче беа и Фолклорниот анасамбл „Ацо Караманов“ и претставник од „ДЛУР РАДА“, кои уште еднаш ја претставија нашата општина на највисоко ниво.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

Related Articles

Временска прогноза