ТППЕ Радовиш во соработка со ОО Црвен Крст Радовиш, по веќе утврдено сценарио, организира и спроведе тактичко-показна вежба за спасување и евакуација во случај на пожар во ОО,,Орце Николов” с.Ињево.
ТППЕ Радовиш изврши обучување на вработените и учениците како да постапат во случај на вакви видови опасности .
Во реализацијата на оваа активност, свој активен придонес дадоа и волонтерите од Клуб на млади на ООЦК Радовиш, преку симулирање на спасување и евакуација на повредени лица.
Целта на вежбата е проверка на ефикасноста и функционалноста на планот за заштита и спасување во училиштата, увежбување на истите и пружање на прва помош. Истата беше оценета како успешна.
Симулациски вежби со претходно утврдено сценарио ќе бидат спроведени и во подрачните училишта во с.Калуѓерица и с.Злеово на ден 26 октомври и 2 ноември, оваа година.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови