ВО РАДОВИШ ДЕНЕСКА ИМАШЕ „СОБРАНИЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ“

Радовишани денес имаа можност да приусуствуваат на мобилниот парламентарен караван, насловен „Собрание за граѓаните“, кој што е дел од активностите на Собранието на Македонија за зголемување на транспарентноста и отчетноста.

На овој караван денеска учествуваа пратениците од Радовиш во Собранието на Република Македонија Здравко Трајанов и Коле Чаракчиев.

Целта на овој караван беше граѓаните и учениците да се запознаат со во неговите активности, да се здобие знаења за работата на Собранието, историјата на парламентаризмот, законодавната постапка и други теми од работата на институцијата.

Мобилниот парламентарен караван во Радовишќе беше поставен на плоштад „Св. Спасо Радовишки“.


 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза