ЗАПОЧНУВА БЕСПЛАТНАТА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП

Од денес почнува бесплатната вакцинацијата против сезонски грип за ризичните групи во центрите за јавно здравје во државата и нивните подрачни единици во градовите.

Заинтересираните граѓани од ризичните групи може да се пријават преку страницата vakcinacija.mk.

Министерството за здравство потсетува дека бесплатната вакцинација против сезонски грип е незадолжителна, наменета е за постари лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години.

Министерството со допис и до матичните лекари да им излезат во пресрет на заинтересираните граѓани да се пријават во системот за вакцинација.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

Related Articles

Временска прогноза