ОДБЕЛЕЖАНА „НЕДЕЛАТА НА БОРБА ПРОТИВ ШЕЌЕРНА БОЛЕСТ“

По повод одбележување на Недела на борба против шеќерна болест, Црвен крст Општинска организација Радовиш во соработка со Здружението на дијабетичари организираше акција за мерење на шеќер во крвта.
На пунктот на градското шеталиште медицински персонал заедно со претставник од здружението на дијабетичари ги вршеа потребните мерења, а ведно даваа совети за правилна регулација на шеќерот во крвта.
Активноста е во рамките на здравствено превентивната заштита на населението на која беа прегледани над 90 лица и поделени флаери на минувачите за тоа како навремено може да се заштитат од појава на дијабет.
ОО Црвен Крст Радовиш

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

Related Articles

Временска прогноза