Вчера ТППЕ Радовиш во соработка со ЦКРСМ-Општинска организација Радовиш, организираа вежба за евакуација и спасување во ООУ”Орце Николов”с.Калугерица.
По веќе утврдено сценарио, беше организирана тактичко-показна вежба за “Eвакуација на ученици, повредени, персонал, во случај на земјотрес и пожар”. Во реализацијата на оваа активност, свој активен придонес дадоа и волонтерите од Клуб на млади на ООЦК Радовиш, симулираа спасување и евакуација на повредени лица. Целта на вежбата е проверка на процедурите за евакуација во училиштето, увежбување на истите и пружање на прва помош во такви или слични ситуации. Следната симулациска вежба со претходно утврдено сценарио ќе биде во подрачното училиште во с.Злеово на 2 ноември, оваа година.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови