По повод 11 Октомври, Денот на народното востание, денес во Радовиш на споменикот на паднатите борци од НОВ беше положено свежо цвеќе и одадена почит кон загинатите од народно ослободителната војна.
Свежо цвеќе положи делегација од општина Радовиш, Делегација на Советот на општина Радовиш, делегација на Сојузот на борците, делегација на политичките партии, делегација на пратеникот во собранието, делегација на Здружението на пензионери и делгација на ПС Радовиш.
Исто така свежо цвеќе беше положено и на споменикот на Ацо Караманов.
Нека ни е честит 11-октомври – Денот на востанието
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови