На 18.10.2022 година, полициски службеници од Полициската станица Радовиш во дворот на лице од село Бучим, радовишко, пронашле и одзеле огревни дрва за кои сопственикот не поседувал соодветна документација.
Од вработени во Шумска полиција Радовиш дрвата биле одземени и пренесени во кругот на Јавното претпријатие „Национални шуми“, подружница Плачковица – Радовиш. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Струмица
*фото Архива
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови