ПРОМОВИРАНА КНИГАТА ,,ДЕТСКИТЕ ИГРИ ВО РАДОВИШ” НА АВТОРОТ ПАВЛИНА КОШЕВЕЦ

Детските игри никогаш не познавале граници, освен некои кои се специфични според местото на изведување, средствата кои се користат за играта, или говорните изрази врзани за некое географско подрачје. Во оваа издание се опфатени традиционалните игри во Радовиш и радовишко, во книгата има 46 информатори и 112 игри: Залагалки, Ајде да си играме, Игрите на снегот, Ора копа, Игри на улоги и драматизација, Игри со реквизити за бој, и многу други…

Дел од овие игри преку визуелна проекција беа претставени вчера на промоцијата во Центарот за култура „Ацо Караманов“ со што беше за прв пат јавно промовирана книгата ,,Детските игри во Радовиш” на авторот Павлина Кошевец.

Во оваа издание се опфатени традиционалните игри во Радовиш и радовишко, во книгата има 46 информатори и 112 игри: Залагалки, Ајде да си играме, Игрите на снегот, Ора копа, Игри на улоги и драматизација, Игри со реквизити за бој, и многу други…

Традиционалните детски игри се дел од народната култура, а во нив е сочувано педагошкото искуство на многу генерации. Тие припаѓаат во категоријата на спонтани инструменти на социјализација и претставуваат еден од најуспешните моделитети на традиционалното општество, мост помеѓу традицијата и современите достигнувања на технологијата – вели авторот Павлина Кошевец.

Во книгата исто така има речник кој е збогатен со зборови од радовишкиот говор, и е дополнување на речникот од „Радовишки маабети“ кој исто така е автор Павлина Кошевец, дечињата имаа свој сценски настап со користење на овие зборови од радовишкиот говор. Исто така промоцијата беше збогатена со изложба на цртежите од учениците кои се дел од книгата ,,Детските игри во Радовиш”, и реквизити кои се дел од овие детски игри.

 

 

Фото/текст: RadovisNews

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза