18 ОКТОМВРИ – ЕВРОПСКИ ДЕН НА БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

Црвениот крст на Македонија како член на Секретаријатот на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција со организирање на превентивни активности се вклучува во одбележување на 18 октомври – Европски ден на борба против трговија со луѓе.

По повод денот ќе бидат организирани 22 работилници за превенција со млади од основни и средни училишта, со волонтери од Клубови на млади на Црвениот крст, како и една работилница со лицата евакуирани од Авганистан сместени во х. Њу стар.
Превентивните лекции имаат за цел подигање на свеста на младите, препознавање на начините преку кои можат да бидат вовлечени во трговијата со луѓе и нивна самозаштита.
Трговијата со луѓе е сериозен општествен проблем и претставува најтешка форма на кршење на основните човекови права – правото на живот, на слободно движење, на слобода на избор и други права и слободи. Трговијата со луѓе е проблем кој бара заеднички пристап за негово сузбивање и вложување на заеднички напори од соодветните релевантни институции

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

Related Articles

Временска прогноза