ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „СОНЦЕ И МЕСЕЧИНА“ ВО ИЗВЕДБА НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ„ ОРЦЕ НИКОЛОВ“ ИЊЕВО

Светската недела на детето е настан кој се одржува секоја година во првата недела на месец октомври.

Всушност, тоа е недела кога интензивно се зборува за правата на децата и претставуваат поттик за активности со кои се истакнуваат детските права и обврски. Време во кое децата можат да ги претстават своите таленти, вештини и способности.

По тој повод во ООУ„ Орце Николов“ – с. Ињево, Радовиш, беше одржана театарска претстава „Сонце и Месечина“, во режија на проф. Елена Илиева, пропратена со одбрани музички дела од повеќе композитори во избор на проф.Тодор Стефанов и ликовна илустрација на проф. Наташа Лефкова.

 

„Вложувањето во децата е влог во иднината, сите деца имаат право да се надоградуваат, воспитуваат и учат со цел да се подготват за предизвиците во животот. Да бидат охрабрени, сигурни во себе и да живеат со нивната детска искреност. Драмата зборува за другарството, кое е дел од детската среќа и тоа треба да се зајакне со чувство на единство, љубов и сплотеност.“ – изјави Илиева.

Светот останува на децата и претставува предизвик да се научат на вистинските вредности во животот.

 

 

 

 

 

 

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза