ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „ПЕЧАЛБАРИ“ ПО ПОВОД ПРОСЛАВАТА НА ПАТРОНОТ НА ООУ „КРСТЕ П. МИСИРКОВ“

Училиштето „Крсте П. Мисирков“ го прославува својот патрон, по тој повод се организирани голем број на активности.

Во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш вчера беше одржана Свечена академија, а програмата започна со изведбата на неколку музички инструментални точки. Во рамките на активности на училиштето за патронатот младите актери при Драмското студио од оваа училиште се претставија со претставата „Печалбари“, во режија на Томе Постолов, музика Фенчо Петровски, сценографија Илија Милчов.

Богатата и одлична програма синоќа беше еден прекрасен момент за присутните во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш.

Денеска продолжуваат спортските натпревари и другата програма која е предвидена за овој патронат на училиштето.

 

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза