ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ НАЈНОВАТА ПОЕТСКА КНИГА ОД БОРЧЕ ПАНОВ „АНАТОМИЈА НА НЕБОТО„

Деновиве излезе од печат најновата поетска книга од познатиот македонски поет Борче Панов.

„АНАТОМИЈА НА НЕБОТО„ е седумнаесетта поетска книга на писателот Борче Панов. Книгата е поддржана од страна на Министерството за култура како авторско издание.

Борче Панов е роден на 27 септември 1961 година во Радовиш. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1998 година. Во два мандати бил член на претседателството на Друштвото на пшисателите на Макеоднија. Има објавено и поетски книги на други јазици: „Честички од хематит“ (2016 – на македонски и бугарски јазик, објавена во Бугарија), „Вдах“ (2017 – на словенечки, објавена во Словенија), „Бричење балон“ (2018 – српски, објавена во Србија), „Фотостихеза“  2019 – бугарски, објавена во Бугарија), „Крв што жонглира со 8000 поетски мисли“ (2021 година на хрватски, објавена во Хрватска), „Подземно јаболко“ на арапски јазик објавена во Обединетите Арапски Емирати во 2021 година од издавачката куќа Равашен и „Подземно јаболко“ на англиски јазик (превод Даниела Андоновска-Трајковска) и објавена во Холандија од Демер прес во 2021 година, „Гласови од глуварчето“ (коавтор) објавено во Индија (2021 година ). Неговата поезија е објавена во голем број антологии, литературни списанија и списанија дома и во странство, а неговите дела се преведени на околу 40 јазици.

Борче Панов е автор и на седум драми. Претседател е на меѓународната поетска маниефстација – Караманови средби. Составувач е на Антологијата на Карамнвите средби „Петто календарско време„ во 2020 мг. Како и на повеќе зборници и панормаи на поеизја. Добитник е на неколку книжевни награди како што се: PremioMondiale „Tulliola-Renato Filippelli“ во Италија за неговата книга „Бричење балон“ (2021), Меѓународна награда за извонредност „Град Галатео-Антонио Де Ферариис“ (Италија, Рим, 2021 година), Премио „Le Occasioni“ во Италија (меѓу 662 учесници), светската книжевна награда „Сахито“ за 2021 година (прва доделена меѓу неколку истакнати и познати автори кои имаат добиено значајни книжевни награди како што се Нобеловата награда и Пулицеровата награда) и „Предраг Матвејевиќ“ во Хрватска за неговата книга „Бричење балон“ во конкуренција од 100 поети за дела напишани во 2018, 2019 и 2020 г.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза