Кампањата ,„ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ!” и во општина Радовиш!

Со единствена цел секое дете да расте во топол дом и да добие шанса за светла иднина, настанот е со цел промоција на згрижувањето и информирање за бенефитите и условите за истото.

На 05.11.2022 – Сабота, од 11.00 до 14 часот, на плоштадот Св. Спасо Радовишки во Радовиш, посетете не и дознајте ги придобивките од згрижувањето, како и начинот на кој може да се стане згрижувач.
Националната кампања се спроведува од страна на СОС Детско село во 26 општини во Републиката во 2022, а е во соработка со Центрите за поддршка на згрижувачки семејства ,,Битола” и “11 Oктомври”, Министерството за труд и социјална политика и локалните самоуправи, а овозможена е од страна на Германското министерство за економски развој и соработка.

Настанот е наменет за сите заинтересирани граѓани, со потенцијал да станат згрижувачи, кои преку промотивни материјали и директни консултации со стручни лица, како и самите згрижувачи, можат да се информираат, повеќе за згрижувањето.

Згрижувачите добиваат месечен надомест за згрижено дете (16.788 мкд за секое згрижено дете), надомест за згрижувач, услуга на стручна помош и поддршка преку центри за поддршка за згрижувачки семејства, како и други придобивки, од кои и траен надоместок од државата со навршен стаж од 15 години згрижувач.
На овој начин, згрижувачите учествуваат во можеби најхуманата активност – заштита на детето, прават вистинска промена и менуваат не само еден живот – но цели генерации. преку што, истовремено ја намалуваат стигматизацијата во општеството за децата во недостиг од соодветна грижа.
За сите кои се заинтересирани да станат згрижувачи, а немаат можност да присуствуваат на настанот, повеќе информации за тоа како да станат згрижувач, можат да добијат на телефонскaта линија 075/277-477 и веб страната http://www.zgrizuvanje.mk

ПОВЕЛЕТЕ, ПОСЕТЕТЕ ГО НАСТАНОТ И ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ КАКО МОЖЕ ДА СТАНЕТЕ ЗГРИЖУВАЧ.
На настанот ќе присуствува Градоначалникот на Општина, г. Ацо Ристов како и Директорот на Центарот за социјална работа, г. Александар Филев.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза