ОПШТИНА РАДОВИШ ВЕЌЕ СО ПОЛН ИНТЕНЗИТЕТ ГИ ПОДГОТВУВА ГОДИШНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА РАБОТА НА БУЏЕТОТ ЗА 2023 ГОД.

„Граѓанското учество е најважно во дефинирањето на приоритетите и превземањето на акции за надминување на проблемите во локалната заедница“ – истакна Градоначалникот Ацо Ристов на работни состаноци со претседателите на урбаните и месните заедници во општина Радовиш.

Заедничкото креирање на локалните политики и приоритети претставува процес кој има за цел да изнајде решенија за предизвиците со кои се соочува локалната заедница. Бидејки ЕЛС општина Радовиш веќе со полн интетнзитет ги подготвува годишните програми за работа на Буџетот за 2023 год. – денес Градоначалникот Ацо Ристов одржа работни состаноци.

Од страна на претседателите и претставниците беа презентирани сите проблеми со кои жителите секојдневно се соочуваат како и најважните приоритети од заеднички интерес за сите граѓани.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза