ПОМИНА РЕДОТ И НА ФК ГОСТИВАР… СЛЕДНА Е ФК ВОСКА! – ФК Детонит Плачковица супериорно чекори кон Првата лига!

Фаворити кои се главни претенденти за Прва лига паѓааат на теренот против нашиот второлигаш – после ФК Вардар во саботата дојде и на редот на ФК Гостивар, нашиот ФК Детонит Плачковица освои еден многу значаен бод, и го симна лидерот Гостивар од табелата.

Управниот одбор и тренерот Здравков имат тим кој носи победи и има видливи резултати, ФК Детонит Плачковица чекори кон историскиот пласман во Првата македонска фудбалска лига.

Сега нашиот тим по овие 13 одиграни натпревари е со 7 победи, 4 реми, 2 порази и гол разлика од 20 постигнати и 12 примени погодоци, па слободно можеме да кажеме дека нашите имаат одлична одбрана.

На домашен терен веќе следното коло Детонит Плачковица ќе одигра уште едно дерби, овој пат против охридска Воска Спорт, екипа која исто така важи за главен претенден за директен историски пласман во ПМФЛ, натпреварот ќе се одигра на Градскиот стадион во Радовиш во сабота на 03. декември со почеток од 13.00 часот.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза