ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА ВО СПРАВУВАЊЕ СО ШУМСКИ ПОЖАРИ

Со заеднички сили и позитивна енергија тече петтото дружење на пожарникарите и доброволците од југоистокот на Македонија и југозападот на Бугарија.

Пожарникарите како домаќини на вежбата со опремата со која располагаат демонстрираа полнење на 10 тонски базен со помош на потопни пумпи, кој се користи при гаснење на големи шумски пожари во тешко пристапни места.

Обуките се дел од имплементацијата на проектот за “Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“ финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија 2014-2020, проект кој Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го спроведува во партнерство со Асоцијацијата на Југозападни општини, Благоевград.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза