ПРВ ПОЛИТИЧКИ САЕМ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ОТЧЕТ НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ

ВМРО-ДПМНЕ, денеска и утре во Скопје организира политички саем за отчет за сработеното во првата година од мандатите на градоначалниците кои победија на последните локални избори.

Како што соопштија од партијата, слоганот под кој ќе се одвива настанот е „Саем на промените што носат иднина”, а ќе го отвори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На саемот покрај разговор за сработеното во општините и интеракција со градоначалниците, предвидени се и повеќе дискусии за актуелни теми како што е локалниот економски развој, енергетиката и локалните самоуправи, дигитализацијата, како и посебна дискусија на меѓународни организации поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ и реформските процеси.

 

– ВМРО ДПМНЕ е задоволна од сработеното на градоначалниците кои овие резултати ги оставаруваат во едни тешки услови на економска, политичка и енергетска криза. Промените се видливи и е забележлив поинаков и отворен пристап во решавање на проблемите на граѓаните. Се трудиме да решиме што е можно повеќе проблеми, а промените носат иднина во која заеднички веруваме, велат од партијата.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза