Деветтоодделенци од ООУ „Никола Карев“ учествуваа во Акција за садење дрвја во атарот на село Будинарци, Берово, организирана од Здружението за заштита и обнова на животната средина Treebanks.
Дрвјата беа засадени на дел од површината која минатата година беше зафатена од големи пожари. Учениците со нивната посветеност и трудољубивост покажаа како со мали, но значајни чекори, се негува љубовта кон природата, заштитата и обновата на животната средина од мала возраст и продолжува за цел живот.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови