ГОРАН ЗДРАВКОВ ПОВЕЌЕ НЕ Е ТРЕНЕР НА ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА

Информација од управата на ФК Детонит Плачковица


Секогаш е тешко кога успесите и резултатите одат во нагорна линија а мораат да се донесуваат одредени одлуки.

Драги пријатели, љубители и поддржувачи на фудбалот во општина Радовиш, би сакале да Ве известиме дека управата на ФК „ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА“ спогодбено го раскина договорот со шефот на стручниот штаб и главен тренер Горан Здравков.

Причината за тоа е неговиот понатамошен ангажман во прволигашкиот фудбал како тренер на ФК „Брегалница“ од Штип, за што му посакуваме уште повеќе успеси.

Нашата цел ја знаете и не отстапуваме од неа. Продолжуваме уште помотивирани и посилни да се бориме за влез во првата лига. Нашите јунаци се на заслужен одмор и со нетрпение ја чекаат пролетната битка.

Наскоро ќе Ве информираме за новиот шеф на стручен штаб и новите засилувања.

Спортски поздрав.

 

Управа на ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза