Припадниците на турската заедница во земјава денеска го одбележуваат Денот на настава на турски јазик, кој е единствен национален празник на Турците во Македонија и од 2007 година е неработен ден за нив.
На 21 декември се одбележува почетокот на наставата на турски јазик – на овој датум 1944 година, во основното училиште „Тефејуз“ во Скопје.
Во склоп на празнувањето на празникот, вчера во Радовиш Градоначалникот Ацо Ристов имаше прием на гостите од Република Турција кои се присутни по повод празникот „Денот на настава на турски јазик“, програмата продолжи со прослава во еден од угостителските објекти во Радовиш со културно, забавна и уметничка програма организирана од Здружението „ЗКХО“ на Турците од источна Македонија, Радовиш.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови