Нашиот клуб со победа на гости ја комплетираше успешната полусезона во Втората фудбалска лига на Македонија со овие натпреаври заврши ссенскиот дел од фудбалската лига.
ФК Детонит Плачковица во оваа полусезона имаше осум победи, пет нерешени натпреаври и само два пораази и тоа со Кожуф во Гевгелија и Охрид, на своето салдо комплетираше 29 бода во есенскиот дел. На 18 февруари со натпреварите од 16-тото коло ќе започне пролеттниот дел од сезоната, ФК Детонит Плачковица првиот пролеттен натпревар го игра во Струмица каде што гостува на ФК Беласица
На врвот на табелата е Гостивар втор е Вардар, на третото место останува Воска Спорт, последнопласираниот Борец е најслабата екипа во лигата, Велешани есенскиот дел го завршуваат без ниту еден освоен бод. Пелистер останува четврти со надежи барем за бараж заедно со нашиот Детонит Плачковица кој е петто пласирана.
Резултати 15 коло:
Вардар – Кожуф 2:0
Саса – Пелистер 1:2
Беса 1976 – Локомотива 2:0
Гостивар – Караорман 5:1
Воска Спорт – Борец 6:0
Слога 1934 – Детонит Плачковица 1:3
Беласица – Охрид 1:1
Тетекс – Арсими 0:2
Табела:
- Гостивар 37
- Вардар 36
- Воска Спорт 34
- Пелистер 30
-
Детонит Плачковица 29
- Охрид 26
- Беса 1976 21
- Арсими 20
- Беласица 20
- Караорман 20
- Кожуф 17
- Локомотива 14
- Саса 13
- Слога 1934 10
- Тетекс 7
- Борец 0
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови