ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ ПОЕТСКАТА АНТОЛОГИЈА НА 49. КАРАМАНОВИ СРЕДБИ

Во рамките на програмата на 49 Караманови средби кои ќе се одржат на 16 и 17 Декември 2022 година, покрај другите соджини, ќе биде промовирана и ПОЕТСКА АНТОЛОГИЈА – КАРАМАНOВИ СРЕДБИ 2022.

 Веќе повеќе години наназад  Караманови средби со ОУ Центар за култура „Ацо Караманов“- Радовиш, распишуват интернационален конкурс за најдобра книга од врвни светски писатели. Најпознати добитници Инернационалната книжевна награда „Ацо Караманов“ на оваа  до сега биле големиот шпански поет Хусто Хорхе Падрон, големиот виетнамски поет Мај Ван Фан, познатиот арапски поет Раед Алјиши и позната италијанска поетеса Клаудија Пичино. На годинешниот конкурс со свои поетски ракописи се јавиле 179  врвни поети од целиот свет.

Селекторите за оваа книжевна награда, познатите македонски писатели Борче Панов и проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, во првата фаза одбраа вкупно 43 најдобри поетски ракописи од познати автори во светот со завидно книжевно реноме и потврдени книжевни вредности.

Водејќи се од почитта која ја заслужуваат овие извонредни поети кои можат да бидат носители на највисоките книжевни награди во светот, Советот на Карамановите средби одлучи да објави и да отпечати посебна книга – Поетска антологија од сите овие 43 извонредни светски поети помеѓу спаѓаат поетите Адел Козам (Обединети Арапски Емирати), Али Ал-хазми (Саудиска Арабија), Алисја Куберска (Полска), Алваро Мата Гиже (Коста Рика – Мексико), Антон Баев (Бугарија), Арјан Калчо (Албанија), Балаз Атила (Романија), Барбара Грушка-Зих (Полска), Беатрис Сааведра (Мексико), Константин Северин (Романија), Елизабета Баљи (Италија – Шпанија), Емилио Паз (Перу), Евит Бахар (Индонезија), Флорентина Лоредана Далијан (Романија), Франциско Муњоз Солер (Шпанија), Џорџ Валас (САД), Хусеин Хабаш (Курдистан – Германија), Ирма Курти (Албанија – Италија), Џернаил Ананд (Индија), Хозе Едуардо Деграција (Бразил-Италија), Јури Талвет (Естонија), Кама Сијор Каманда (Конго), Мансур Норбакаш (Kанада), Мариела Кордеро (Венецуела), Марлен Пасини (Мексико), Масудул Хок (Бангладеш), Милица Миленковиќ (Србија), Мурат Јурдакул (Турција), Панкури Сина (Индија), Реј Бероа (Доминиканска Република), Роберто Марзано (Италија), Рудра Киншук (Индија), Санкар Саркар (Индија), Шота Јаташвили (Грузија), Су Жу (Нов Зеланд – Кина), Тин Лемац (Хрватска), Тземин Итион Тсаи (Тајван-Кина), Јудај Шанкар Џурџај (Бангладеш – Велика Британија), Виктор Радун Теон (Србија), Косијат Рустамова (Узбекистан), Јин Шјиаојан (Кина), Јурај Толентино Хевија (Куба) и Џанг Џи (Кина).

Во втората фаза од селекцијата на најдобрите, селекторите Борче Панов и проф. д-р Даниела Андоновоска-Трајковска извршија најтесен избор од 16 поети поети кои ќе бидат наградени со посебни признанија од Советот на 49 Караманови средби: Адел Козам (Обединети Арапски Емирати), Алваро Мата Гиже (Коста Рика – Мексико), Константин Северин (Романија), Елизабета Баљи (Италија – Шпанија), Емилио Паз (Перу), Џорџ Валас (САД), Џернаил Ананд (Индија), Хозе Едуардо Деграсија (Бразил-Италија), Јури Талвет (Естонија), Мансур Норбакаш (Канада), Мариела Кордеро (Венецуела), Мурат Јурдакул (Турција), Рудра Киншук (Индија), Шота Јаташвили (Грузија), Јин Шјиаојан (Кина) и Џанг Џи (Кина).

Оваа Антолигија е уште едно врвно поетско постигнување во македонската книжевност, бидејќи во неа се преставени познати поети од светот денес, кои се носители на исклучително високи книжевни награди,а некои од нив биле и кандидати за Нобелова награда за книжевност. Особена книжевна вредност има и во фактот што оваа антолгија е посветена на првиот модерен поет Ацо Караманов, или како што е наречен од критиката – вундеркиндот на македонската книжевност.

И покрај тоа што оваа година Караманови средби како книжевна манифестација со преку 50 години традиција на одржување, не беа прифатени за да бидат поддржани и финансирани преку Министерството за култура на Република Северна Македонија, сепак, со поддршка од страна на ОНБ „Браќа Миладиновци“ Радовиш којашто оваа година бележи 65 години од своето оснмовања, беше овозможено скоромното издание на оваа Антологија. Инаку приредувачи на антологијата  се пистаелите Борче Панов и проф. д-р Даниела Андоновска Трајковска, која воедно е и препејувач на застапената поезија во оваа книга од англиски на македонски јазик. Издавач на антологијата е ОНБ Центар за култура, ликовниот дизајн на кориците на книгата е од познатот академски сликар Ниче Василев, а организатор на средбите е ОУ Центар за култура „Ацо Караманов„.

 

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза