НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ ВО 2023 ГОДИНА

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2023 година неработни денови се:

За сите граѓани

  • 01 јануари (недела), Нова Година, 02 јануари (понеделник) е неработен ден
  • 07 јануари (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,
  • 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
  • 21 април (петок), Рамазан Бајрам,  првиот ден на Рамазан Бајрам,
  • 01 мај (понеделник), Ден на трудот
  • 24 мај (среда) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,
  • 02 август (среда), Ден на Републиката,
  • 8 септември (петок), Ден на независноста,
  • 11 октомври (среда), Ден на народното востание,
  • 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба
  • 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед

  • 06 јануари (петок), Бадник, ден пред Божик, 
  • 19 јануари (четврток), Богојавление (Водици),
  • 14 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 17 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
  • 2 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 10Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
  • 01 ноември (среда), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик. 

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 28 Јуни (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница 

  • 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на српската заедница 

  • 27 јануари (петок), Свети Сава,

За граѓаните припадници на ромската заедница 

  • 08 април (сабота), Меѓународен ден на Ромите, 

За граѓаните припадници на влашката заедница 

  • 23 мај (вторник), Национален ден на Власите, 

За граѓаните припадници на еврејската заедница 

  • 25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур, 

За граѓаните припадници на бошњачката заедница 

  • 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците, 

За граѓаните припадници на турската заедница 

  • 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.  

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза