ВО РАДОВИШ ОДРЖАНА ПРВАТА ОРАТОРСКА ВЕЧЕР ЗА УЧЕНИЦИ

Во средното општинско училиште „Коста Сусинов“ од  Радовиш, се одржа првата ораторска вечер на која учествуваа ученици од ОOУ „Крсте Петков Мисирков“ – Радовиш и средношколци од СОУ „Коста Сусинов“.

Ораторите се претставија со свои слободни говори нагласувајќи ги сопствените ставови, размислувања и доживувања. Младите луѓе не се плашат да го кажат своето мислење и гласно зборуваат.

Првото место ѝ припадна на Ана Марија Ѓоргиева, второто на Роман Јованов и третото на Атанас Ѓоргиев. Првото место за најдобар оратор во категоријата средношколци доби Деница Трајанова, второ Виолета Василева и трето Симона Долдурова.

Им честитаме на победниците, но пред се на сите учесници кои покажаа огромна храброст и ораторски вештини. Им посакуваме многу успеси во иднина!

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза