РЕГИОНАЛНА СРЕДБА НА ОПШТИНИТЕ ОД ЈУГОИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

ВМРО-ДПМНЕ Ве поканува на регионална средба со градоначалниците и Претседателите на Советите на општините од Југоисточниот регион, која ќе се одржи на ден 12.12.2022 година (понеделник) во 19 часот, во Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш.

На регионалната средба ќе присуствуваат претставници на локалната самоуправа од општините каде градоначалникот и мнозинството во Советот се од ВМРО-ДПМНЕ, поточно од општините Радовиш, Гевгелија, Конче, Ново Село, Босилово и Василево.

 

Дневен ред на регионалната средба:

1. Креирање на буџетите за општините и локалните институции за 2023 година

2. Предвидување на средства за капитални инвестиции и проекти за буџетите за 2023 година3. Справување со енергетските предизвици во време на криза од страна на општините во наредниот период4. Изнаоѓање на дополнителни можности за финансирање на проектиЦелта на средбата е размена на искуства и идеи со цел подобро планирање на општинските буџети за наредната година, со цел поефикасна работа и реализација на проектите ветени во изборните програм, како и подобро справување на локалната самоуправа со негативните ефекти од глобалната економска и енергетска криза.Организатори на регионалната средба се Комисијата за локална, Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт и Комисијата за финансии при ВМРО-ДПМНЕ.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза