ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА ОДИГРА УШТЕ ЕДЕН ОДЛИЧЕН НАТПРЕВАР

Екипата на ФК Детонит Плачковица во саботата треба да жали за пропуштената шанса и победа против „фаворизираната“ ФК Воска која беше гостин во Радовиш.

Со судиската помош гостите кои минатата година и оваа се со амбиции за пласман во првата лига на Македонија успеаа да одземат еден бод во Радовиш. Инаку овој натпреавар беше еден од најдинамичните кои ги одиграа нашите фудбалери, со компактната екипа тренерот Здравков успеа да покаже дека  Детонит Плачковица треба да размислува за следната прволигашка сезона.

 

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Натпреварот заврши со резултат 1-1, но со неколкуте „погрешни“ проценки на судиите според толкувањето на публиката која беше присутна на градскиот стадион им се наштети на домаќините кои заслужија победа. Ова е трет нерешен резултат за ФК Детонит Плачковица со амбициозните за прва лига „Воска, Вардар и Гостивар“ но Радовиш остана неосвоилив од страна на гостинските екипа, домашната екипа нема пораз во оваа полусезона на домашен терен.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза