ЗАПОЧНАА 49. КАРАМАНОВИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ

Во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш денеска започнаа 49. Караманови поетски средби, во рамките на „Карамановите средби“ денеска беше и прославен „Јубилејот 65 години“  ОНБ „Браќа Миладиновци“ Радовиш.

Во рамките на програмата на 49 Караманови средби кои ќе се одржат денеска и утре 16 и 17 Декември 2022 година, покрај другите соджини, беше промовирана и ПОЕТСКА АНТОЛОГИЈА – КАРАМАНОВИ СРЕДБИ 2022., во денешната програма беа претставени и наградените поети со Интернационланата награда „Караманов 2022„, а беше доделена и наградата за книгата „Ефемиди“ од Милчо Мисоски.

Веќе повеќе години наназад Караманови средби со ОУ Центар за култура „Ацо Караманов“- Радовиш, распишуват интернационален конкурс за најдобра книга од врвни светски писатели. Најпознати добитници Инернационалната книжевна награда „Ацо Караманов“ на оваа до сега биле големиот шпански поет Хусто Хорхе Падрон, големиот виетнамски поет Мај Ван Фан, познатиот арапски поет Раед Алјиши и позната италијанска поетеса Клаудија Пичино. На годинешниот конкурс со свои поетски ракописи се јавиле 179 врвни поети од целиот свет.

Програмата на овие средби продолжува и утре.

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза