ФОТОНАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ НА КРОВОВИТЕ НА СПОРТСКА САЛА „25 МАЈ“ И ООУ „КРСТЕ П.МИСИРКОВ“ – ПРОЕКТ „ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСЕН РЕГИОН“

Градоначалникот Ацо Ристов присуствуваше на потпишувањето на Договорот помеѓу Центарот за развој на југоисточниот плански регион и Министерството за локална самоуправа со што и официјално стартува реализацијата на овој проект.

 „Ако во кампањата ветивме дека Радовиш ќе биде еден од првите енергетски независни и ефикасни градови, сега почнуваме да реализираме. Покрај проектот „Зелена топлина“ финансиран од ЕУ, општина Радовиш официјално стана стана дел проектот „ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСЕН РЕГИОН“ финансирaн преку Грантовата шема на проектот „Одржлив и инклузивен регионален развој“.“ – се вели во информацијата од општина Радовиш.

 

Со одбрени средства во висина од 19,9 милиони денари, ќе се градат фотонапонски централи на крововите на Спортска сала „25 Мај“ и ООУ „Крсте П.Мисирков“ кои ќе значат искористување на алтернативните извори на електрична енергија и заштита на животната средина.

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза