ОБЛАЧНО ВРЕМЕ СО ПОВРЕМЕНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД

Денеска времто ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Кон крајот на денот, особено во западните делови, врнежите наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец.

Од утре до сабота температурата ќе биде во пораст. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла и значителна ниска облачност и пониски дневни температури. Врнежи од дожд повторно се очекуваат во сабота.

 

Прогноза за 16.12.2022



Минимална температура: 3°C до 7°C
Максимална температура: 11°C до 18°C


Претпладне со услови за магла и ниска облачност по котлините. Во текот на денот умерено облачно со сончеви периоди и потопло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

 

 

Прогноза за 17.12.2022



Минимална температура: 5°C до 9°C
Максимална температура: 12°C до 18°C


Претежно облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, кој кон крај на денот ќе се промени во северен.

 

 

Прогноза за 18.12.2022



Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 7°C до 13°C


Променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза