ЗАПОЧНА НОВОГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА ДОЧЕК НА НОВАТА 2023 ГОДИНА

Денес официјално ја започна новогодишната програма за дочек на новата 2023 година, со тргнувањето на специјалниот детски новогодишен воз.

Во организација на општина Радовиш и Центарот за култура „Ацо Караманов“ а во соработка со Рудникот Бучим како и општинските основни училишта и детската градинка, на граѓаните а особено на најмладите, во деновите кои претстојат ќе им биде понудена разновидна програма вклучувајќи го новогодишниот фестивал „Светол град“.

 

Денес, Градоначалникот Ристов ги пречека првите патници на новогодишниот воз и им додели новогодишни подароци посакувајќи им многу среќа и здравје во новата 2023 година.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза