ОДРЖАНА РЕГИОНАЛНА СРЕДБА НА ОПШТИНИТЕ ОД ЈУГОИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

Во организација на Комисијата за локална, Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт и Комисијата за финансии при ВМРО-ДПМНЕ, како домаќин организатор ОК ВМРО-ДПМНЕ Радовиш вчера беше одржана регионална средба со градоначалниците и Претседателите на Советите на општините од Југоисточниот регион.

Средбата се одржа во Центарот за културата „Ацо Караманов“ во Радовиш, а пристутни беа претставници на локалната самоуправа од општините каде градоначалникот и мнозинството во Советот се од ВМРО-ДПМНЕ, поточно од општините Радовиш, Гевгелија, Конче, Ново Село, Босилово и Василево.

На трибината пред присутните дискутираа Марјан РистескиПретседател на комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ, Синиша Ивановски, Претседател на Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт, Ацо Ристов, Градоначалник на Општина Радовиш, Сашко Стоиловски, член на Советот на Општина Гевгелија, Златко Ристов, Градоначалник на Општина Конче, Ристо Манчев, градоначалник на Општина БосиловоСлаве Андонов, градоначалник на Општина Василево и Ѓорѓе Божинов, градоначалник на општина Ново Село.

На оваа регионална средба се разговараше за: Креирање на буџетите за општините и локалните институции за 2023 година. Предвидување на средства за капитални инвестиции и проекти за буџетите за 2023 година. Справување со енергетските предизвици во време на криза од страна на општините во наредниот период. Изнаоѓање на дополнителни можности за финансирање на проекти.

Целта на oваа средбата беше размена на искуства и идеи со цел подобро планирање на општинските буџети за наредната година, со цел поефикасна работа и реализација на проектите ветени во изборните програма, како и подобро справување на локалната самоуправа со негативните ефекти од глобалната економска и енергетска криза.

 

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза