ГРАДОНАЧАЛНИКОТ РИСТОВ ИМАШЕ ПРИЕМ ПО ПОВОД БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ

Градоначалникот на општина Радовиш Aцо Ристов, денес изврши прием на лицата кои за празникот Богојавление – Водици ги фатија светите крстови во населените места во општина Радовиш.

Посакувајќи им многу здравје, среќа, бериќет и успеси на секое поле, Градоначалникот на лицата им подари паметни часовници. Наградени беа следните момчиња: Филип Глигоров од Раклиш, Столе Ристов од Ораовица, Тиме Димов од Подареш, Стојанче Цветков од Јаргулица, Александар Василев од Покрајчево, Давид Костадинов од Злеово и Давид Василев од Калугерица.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

Related Articles

Временска прогноза