ИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ НА СНЕГ ВО РАДОВИШКО И КОНЕЧКО

Денес ќе има повремени локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на повисоките места и на планините снег.

И утре со северен ветер ќе провејува слаб снег. Потоа ќе се задржи студено време, со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула, а услови за повремен снег ќе има во вторник.

Во Радовиш врмето ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег, а во некои од пониските места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Да потсетиме дека од 15 ноември е обврската за носење на зимска опрема во автомобилите која ќе трае до  15 март, и е задолжително поседувањето пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возило, велосипед и запрежно возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски, односно шумски работи.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза