НОВИ ПАРЦЕЛИ ОДАТ ПОД ЗАКУП- објавен е оглас за давање под закуп на државно земјиште

Објавен е оглас за давање под закуп на државно земјоделско земјиште со големина над 3 хектари. Вкупната површина е повеќе 1.100 хектари во 9 региони во државава. Рокот за поднесување на апликациите е 20 дена од неговото објавувањето на 9-ти јануари…

Државата нуди вкупно 1.100 хектари земјоделско земјиште, распоредени во 9 региони и тоа во: Гази Баба, Кисела Вода, Кавадарци, Крива Паланка, Велес, Валандово, Радовиш, Свети Николе и во Штип. Парцелите се со големина над 3 хектари. Предвидената намена е за подигнување на долгогодишни насади, ливади и рибници, за спортско-рекреативни активности и за рурален туризам.

Идните закупци парцелите ќе ги добијат на користење за период од 15 до 70 години во зависност од културите. Право на учество имаат домашни физички и правни и странски правни лица кои мораат да достават и банкарска гаранција за учество на јавениот оглас во висина на понудена деветмесечна закупнина.

Почетната цена е од 15 до 120 евра за хектар во зависност од катастарската класа и местоположбата на земјиштето. Еден земјоделец може да побара под закуп една или повеќе парцели и во неколку различни географски целини или региони.

Огласот за закуп ќе трае 20 дена од неговото објавување, односно од 9-ти јануари годинава, а изборот ќе биде по пат на електронско јавно наддавање.

 

*фото Архива

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза