СЛЕДУВА ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ, СО ПОВРЕМЕНИ СЛАБИ ВРНЕЖИ ОД СНЕГ И ДОЖД

Следува период на променливо облачно и постудено време, со повремени слаби врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а во пониските од дожд и снег. Во четврток и петок врнежи ќе има на повеќе места и ќе бидат со умерен интензитет.

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно, претпладне со повремен слаб дожд. T= 8 °C, P= 992 hPa, U= 82 %, V= 2 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)


 

 

Прогноза за 26.01.2023



Минимална температура: -2°C до 3°C
Максимална температура: 0°C до 5°C


Облачно, претпладне со локални врнежи, на планините и во повисоките места од снег, а во пониските делови од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од југоисточен ветер.

 

Прогноза за 27.01.2023



Минимална температура: -4°C до 2°C
Максимална температура: 0°C до 6°C


Претежно облачно со локални слаби врнежи претежно од снег, долж Повардарието од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

 

Прогноза за 28.01.2023



Минимална температура: -6°C до 1°C
Максимална температура: -1°C до 7°C


Променливо облачно, долж Повардарието посончево. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза