Комисијата за култура, образование и спорт при Советот на општина Радовиш ги повикува сите спортисти и спортски екипи од општина Радовиш, кои имаат остварено спортски успеси во текот на 2022 година, да пријават кандидати на Јавниот оглас. Пријавата треба да биде потпишана и заверена од страна на овластеното лице на спортскиот клуб или здружението кое го пријавува спортистот, спортската екипа, тренерот или спортскиот работник.
Во пријавата треба да бидат наведени постигнатите резултати во поединечна или во екипна конкуренција во 2022 година, а во прилог да бидат приложени докази за истите (копија од диплома, фотографија, извештај од федерација и сл.). Рокот за доставување на пријавите е 10 (десет) дена од денот на објавувањето на Јавниот оглас, заклучно со 20.01.2023 год.
Со назнака : За избор на спортист на годината