СОВЕТОТ ЈА РАБОТЕШЕ 24 РЕДОВНА СЕДНИЦА

Советот на Општина Радовиш вчера ја работеше својата 24 редовна седница, прва во оваа 2023 година.

Пристуни беа сите советници кој се избрани во Советот на општина Радовиш, а се работеше со претходно донесено решение за Дневен ред од 37 точки. На почетокот Советниците имаа можност да поставуваат советнички прашања на нои одговор даде Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов.

После усвојување на записникот се помина кон дневниот ред, при што се повлекоа 5 точки од предложениот ред кои по комплетирање на материјалите за овие точки ќе се разгледуваат на следната седница, а на предлог беа додадени со допуна уште 3 точки во дневниот ред.

На оваа Седница со која претседаваше Претседателката Моника Трајанова се разгледоа и усвоија голем број на Предлог Одлуки, Предлог Решенија и заклучоци, на оваа седница се донесе и Предлог Одлука за избор на спортист и спортска екипа за 2022 година, а се најави за скоро и одржување на оваа манифестација „Спортист на годината“.

Советниците ги разгледаа и усвоија и Програмите за управување и одржување на градски гробишта во општина Радовиш, и населените места за 2023 година доставена од ЈП Плаваја.

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза