ТРИ ОПШТИНИ САМИ ЌЕ СИ ПРОИЗВЕДУВААТ СТРУЈА

Три општини од Југоистокот сами ќе произведуваат струја. Радовиш, Конче и Василево започнуваат со  изградба на систем од фотонапонски централи со вкупен капацитет од 430 киловати и софтверски дигитален систем кој ќе овозможи навремен директен увид во тековната состојба. Централите ќе бидат поставени на покривите на спортската сала 25 Мај и основното училиште Крсте Петков Мисирков во Радовиш. Вкупната инвестиција изнесува околу 23 милиони денари, од кои најголем дел се обезбедени од министерството за локална самоуправа и Швајцарската развојна агенција, а свое учество имаат и трите општини.

Произведената електрична енергија ќе се дели на три дела од кои за Радовиш се наменети 50%, додека Конче и Василево ќе добиваат по 25% . За градоначалниците, реализацијата на овој проект е многу значајна бидејќи на тој начин тие се вклучуваат во светскиот тренд на енергетски независни општини.

Поставувањето на фотонапонските централи треба да заврши за шест месеци. Проектот го реализира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион  како од грантовата шема на проектот ,,Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој,,- 2 фаза.


Извор ТВ Сител

Прилог Зора Ѓоргиев

 

*фото Архива

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

Related Articles

Временска прогноза