ПОЧНУВА ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ – учебната година ќе заврши на 14 јуни наместо на 9 јуни (петок)

За основците и средношколците денеска почнува второто полугодие од учебната 2022/2023 година. Со одлука на Владата, зимскиот распуст беше продолжен и почетокот на наставата одложен од 18-ти на 23 јануари заради функционалност на училиштата.

Најверојатно учебната година ќе заврши на 14 јуни наместо на 9 јуни (петок) затоа што, како што изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, учениците треба да ги одработат сите 180 работни наставни денови утврдени со Календарот за воспитно-образовниот процес во училиштата.

На почетокот на второто полугодие учениците од второ одделение ќе ги добијат учебниците по математика и општество.

Годинава ќе има учебниците за странски јазици за основците и средношколците, како дел од учебниците за средно гимназиско образование, а речиси сите учебници за средно стручно ќе бидат достапни и во електронска форма, најави министерот за образование и наука

По 23 денови зимски распуст, денеска продолжува второто полугодие од учебната 2022/2023 година. Зимскиот распуст требаше да заврши на 18, но со одлука на Владата тој беше продолжен до 23 јануари. Причината за продолжувањето на распустот, според објаснувањата од Министерството за образование и наука, беше заради функционалноста на училиштата.  

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза