ФК Азури Радовиш се вратија со сребрен медал од „Вихрен Купот “ кој се одржа во градот Сандански во Република Бугарија.
Генeрацијата 2014 на дечиња се пласираа во финале со четири победи, и тоа против Академија Металург од Перник со 1-7 за нашиот тим, Тракија од Пловдив со 4-1 за нашиот тим, и Олимпија која ја победија нашите дечиња со резултат 6-1.
Во полуфиналето нашите фубалерчиња ги совладаа своите врсници од Академија Флиповиќ од Ниш, Србија со резлутат 2-1, во финалето не успеаа да се закитат со златниот медал.
Викендот што помина ФК Азури учествуваше на уште еден турнир во Турново каде што со генерација 2011 го освои првото место, а со генерација 2010 го освоија третото место.
На овој турнир учествуваа екипите на ФК Тиквеш, ФК Кожуф, ФК Дојранско Езеро, ФК Хоризонт Турново.
Честитки за успесите на младите фудбалери.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови