ПЛАНИНАРИ ОД РАДОВИШ, СТРУМИЦА, ВАЛАНДОВО И ГЕВГЕЛИЈА МАРШИРААТ ВО ЧЕСТ НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ

Петнаесет планинари од Струмица, Валандово, Радовиш и Гевгелија 18 пат маршираат во чест на трагично загинатиот македонски претседател, Борис Трајковски.

– Патот е долг околу 200 километри кој ќе го поминеме во неколку етапи и в недела на 26 февруари, на денот на загинувањето на претседателот Трајковски, на негобиот гроб во Скопје ќе положиме цвеќе, рече Душко Ќосев од ПАОК „Ентузијаст“ од Струмица.

Маршутата и годинава ја почнаа пред споменикот „Македонија“ во Струмица, подигнат во чест на Трајковски, каде положија свежо цвеќе и со едноминутно молчење му оддадоа почит.

Освен до Скопје, 60 планинари од земјава и Бугарија во сабота и недела ќе пешачат и по падините на планината Беласица. Тие ќе се искачат на врвот „Ботра“ кој го носи името на Трајковски, на надморска височина од 1.880 метри.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза