На вчерашната седница на советот на општина Радовиш беа донесени повеќе предлог одлуки за именувања на улици, мосто и плоштади кои досега немаат имиња и беа именувани со броеви, пример: улица „5“ ’12“ и тн.
Советниците ги донесоа овие предлог одлуки кои претходно проминаа една фаза на селекција и разгледување врз основа на претходно распишаниот повик за доставување на предлози од општина Радовиш. Во најскоро време ќе имаме повеќе информации за сите имиња кои ќе ги носат новите улици во Радовиш и населените места, но знаеме дека нови имиња на улици ќе бидат предложените: Ката Лахтова, Борис Трајковски, Никола Кљусев, Тони Танчев, Зоран Мајсторски, Кемал Ататурк, Македонска, Јордан Мијалков, Мориц Романо, Андон Кочев, Миле Матрапазов, Белишче, Миле Кукутанов, Јован Карадачки, Кнегиња Рада, Анкарска, Христо Карталов, Коста Ефтимов, Ерол Готак, Трајчо Атанасов, Никола Тесла, Сашко Соколов, Милчо Ристов, Борис Чапов и други.
Со дневен ред од 45 точки, кои подоцна со предложената допуна, Советниците имаа вкупно 52 точки на редовната седница која беше одржана во салата за состаноци во општина Радовиш.
На оваа седница се разгледаа и усвоија голем број на Предлог Одлуки од страна на советниците при Советот. Советниците усвоија Предлог Одлуки за Ко-финансирање на инфраструктурни проекти во општина Радовиш, како и повеќе Предлог измени за допопнување на Програми.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови