ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОНЧЕ, ЗЛАТКО РИСТОВ ЈА НАЈАВИ ГРАДЕЖНАТА ОФАНЗИВА СО НОВИОТ ИНФРАСТРУКТУРЕН ПРОЕКТ ВО ЛУБНИЦА

Општина Конче ја најави градежната офанзива со новиот инфраструктурен проект кој го најава Градоначалникот на општина Конче, Златко Ристов.

 

Овој проект ќе се реализира во село Лубница и е со вредност околу 4.25 мил. денари. средства обезбедени преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, односно Бирото за регионален развој.
За оваа реконструкција која ќе ја работи „Пешо Инжинеринг“ од Струмица, рокот за реализација е дефиниран на минимум седум месеции.
Градоначалникот Ристов очекува со оваа изведба да се промени состојбата на последниот објект од таков карактер во општина Конче, исто така за овој објект е предвидено да се уреди просторот околу него со поставување на партерна опрема клупи, корпи за отпадоци и посеана и уредена површина со дрвја.

Во оваа реконструкција ќе се уреди кровот, со нов под, и внатрешно уредување, како и нова секаква инсталација.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза