На 14.03.2023 година околу 23.20 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека околу 23.00 часот настанал пожар на паркинг простор на улица „Индустриска“ во Радовиш, од кој биле зафатени две приклучни и едно влечно возило.
Од страна на територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а увид на местото извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш.
*фото Архива
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови