ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА НА 20.175 ДЕНАРИ

Минималната плата годинава се зголемува за 2.175 денари и со исплатата во април работниците кои досега земаа минимална плата од 18.000 денари ќе земаат 20.175 денари.

Зголемувањето е резултат на усогласувањето на минималецот со трошоците на живот и растот на просечната плата согласно новата методологија што лани ја утврдија Владата, синдикатите и работодавачите.

– Како што ветивме, од април минималната плата ќе биде повисока за 2.175 денари и ќе изнесува 20.175 денари. Тоа значи дека над 12 проценти имаме зголемување на основната, минимална плата. Согласно Законот за административни службеници, ќе се усогласат останатите плати за 27.000 службеници, изјави вчера премиерот Димитар Ковачевски по состанокот на Економско-социјалниот совет (ЕСС).

По договорот за зголемување на минималната плата, се погласно се бара зголемување и на останатите плати. Дел од синдикатите излегоа со барање да се почитуваат Законот за минимална плата и кол

Минималната плата се усогласува на годишно ниво, секој март. Согласно новата методологија, минималната плата се усогласува со 50 отсто од трошоците за живот и 50 отсто со растот на просечната плата.

– Минималната плата во 2023 година пораснува за 12,55 проценти. Ова значи дека во државата со исплатата на мартовската плата, нема да има пониска плата од 20.175 денари, изјави вчера министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска по состанокот на ЕСС.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза