ОК ВМРО-ДПМНЕ РАДОВИШ РАСПИША КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА МЕСНИ КОМИТЕТИ

Во известувањето од ОК ВМРО-ДПМНЕ Радовиш се вели:


Почитувани членови на ОК ВМРО-ДПМНЕ, Радовиш

ОК ВМРО-ДПМНЕ Радовиш распишува конкурс за избор на претседатели на месни комитети:

ОК ВМРО-ДПМНЕ Радовиш ги повикува сите мотиварани и квалитетни членови кои имаат визија за својот месен комитет да се пријават на овој конкурс за да бидат дел од предводниците на големите победи на ВМРО-ДПМНЕ.

Конкурсот ќе трае од 01.03.2023 до 10.03.2023 година, осум работни дена во кои од 18 часот до 20 часот секој од наведените денови ќе може да се конкурира во просториите на ОК ВМРО-ДПМНЕ Радовиш со пополнување на соодветна пријава.

Единствен услов за пријавување на овој конкурс за претседател на месен комитет е кандидатот да биде член на ВМРО-ДПМНЕ. Заинтересираните кандидати кратка биографија и податоци да достават на емаил: [email protected]

ОК ВМРО-ДПМНЕ Радовиш гарантира фер и транспарентна постапка за избор на претседатели на МК преку интервју кое ќе биде спроведено од раководството на ОК ВМРО-ДПМНЕ Радовиш и ќе бидат избрани најсоодветните кандидати.

Не чека борба, борба за горда и просперитетна Македонија, борба за исправен Радовиш.

Ве очекуваме !

ОК ВМРО-ДПМНЕ Радовиш


Се вели во конкурсот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Радовиш

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза