ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА „ПРАИСТОРИЈАТА ВО СТРУМИЧКО-РАДОВИШКИОТ РЕГИОН”

Во организација на Завод и Музеј Струмица, Завод и Музеј Штип и Археолошкиот музеј во Скопје беше отворена изложбата „Праисторијата во Струмичко-радовишкиот регион”.

Како што соопшти Археолошкиот музеј во Скопје, на изложбата се претставени дел од археолошки предмети кои потекнуваат од неолитот, енеолитот, бронзеното и железното време – крајот на седмиот милениум п.н.е. до средината на првиот милениум п.н.е.

Изложените предмети се од локалитетите Орниче во село Костурино, Канли Чаир во село Дамјан, Страната и Чаушов Камен во село Ангелци, Бојковци и Тополничка Река село Дамјан, Голема Трпеза во село Старо Коњарево, Цареви Кули во Струмица, Чешмеџик во Радовиш, Манастир во село Габревци, Падарница во секо Водоча, Штучка Река во село Штука и Скоруш Чешма во село Костурино.

Изложбата „Праисторијата во Струмичко-радовишкиот регион” е отворена за посетители до крајот на април.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза