РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ ЗА ЗДРУЖЕНИЈА ОД ОБЛАСТА НА СОЦИЈАЛНАТА, ДЕТСКАТА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ЗА 2023 ГОД.

Општина Радовиш распиша Јавен Повик за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш на здруженија на граѓани и други правни лица од областа на социјалната, детска и здравствена заштита од општина Радовиш за 2023 год.

 

  1. Се распишува јавен повик за распределба на средства на здруженија на граѓани и други правни лица од областа на социјалната, детска и здравствена заштита во општина Радовиш за 2023 година ;
  2. Потребни документи за поднесување се :

-пријава по јавен повик

-годишна програма за работа и финансиски план за 2023 год.;

-извештај за потрошените средства добиени од општина Радовиш за 2022 год.;

-копија од завршна сметка (за здруженија чии годишен приход е поголем од 2,500 евра) или копија од одлука од Цент.регистар (доколку год. приход е помал од 2,500 евра);

-копија од тековна состојба од Цент.регистар на Р.С.М. (не постара од 6 месеци);

-потврда за отворена и активна жиро сметка.

  • Период за доставување на документите е 7 (седум) дена од денот на објавувањето на јавниот повик, заклучно со 21.03.2023 год.
  1. Пријавите се поднесуваат на адреса :

ЕЛС општина Радовиш, бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш

или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш

 

Со назнака : За јавен конкурс бр.

Напомена: Пријавите со нецелосна документација како и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.

 

Општина Радовиш

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

Related Articles

Временска прогноза