ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ СТРУМИЦА – РАДОВИШ

До несреќата дошло откако патничкото возило излетало од патот, при што со повреди се стекнале возачот на автомобилот и неговите двајца сопатници

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа која вчера попладнето се случила на автопатот Струмица – Радовиш.

Според информации од Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица, денеска околку 15 часот од автопатот Струмица – Радовиш излетало патничко возило со струмички регистарски таблички, при што со повреди се стекнале возачот на автомобилот и неговите двајца сопатници.

Тројцата се пренесени во струмичката болница.

Поради несреќата, сообраќајот на оваа релација во двата правци беше во целосен прекин.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза